АМСМ информира дека од понеделник (11 септември) ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.