Почнувајќи од денеска ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

Како што информира АМСМ, времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект.

– Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните активности, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.