Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола.
Двата активни пожара на отворено се:
кај с.Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје “Јасен” од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум (8) вработени од „Јасен“, и еден (1) вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и на планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон с.Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација.
ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, каде што гори ниска вегетација.
Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините:
Студеничани кај с. Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ)( нискостеблеста шума);
Крушево, кај с. Алданци (4 ТППЕ)(ниска вегетација);
Струмица 1, покрај ул. „Снадо Масев“ (3ТППЕ)( напуштени простори);
Струмица 2, кај с.Просениково (3 ТППЕ)(ниска вегетација);
Василево, кај с. Пиперево (6 ТППЕ)(ниска вегетација);
Дебар, кај с. Броштица (2 ТППЕ)(нискостеблеста дабова шума);
Кичево кај с. Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ)(стрниште);
Куманово, кај с. Агино село ( 2 ТППЕ) (ниска вегетација и стрниште);
Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ)(стрниште);
Виница (6 ТППЕ) (помошна просторија);
Делчево кај Делчево (1 лице)(градската депонија);
Јегуновце, кај с. Шемшово (15 ТППЕ)(плевна) и во
Брвеница, кај с. Чолопек и с.Милетино (3ТППЕ)(ниска вегетација).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.