Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне најпрвин во западните делови со врнежи од дожд, кои до вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. Локално во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а попладне и кон крајот на денот повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје денеска во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд (за 12 часа се очекува да наврнат околу 15 л/м2).

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на места со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Попладне во делови од скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР и препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.