Македонија во моментов е зафатена од невреме, а на места има обилни снежни врнежи. Од УХМР издадоа и актуелно предупредување:

Под влијание на влажен бран денес попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка(15-25см), а помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер(над 70км/час).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.