Падот на температурите и пријатното разладување на кое сме сведоци овие денови, ќе трае само уште неколку дена. Во втората половина на август метереолозите најавуваат удар на нов топлотен бран со температури над 40 степени.

Во овој период посилно ќе биде влијанието на африканскиот антициклон „Нерон“ врз временските прилики на Балканот.

Во моментов летото е на пауза. Од денеска почнува стабилизација на времето, а веќе од среда дождот оди на пауза и ни се враќа летото. Значи температурите ќе бидат во постепен пораст. Нема да има нагло затоплување, туку тоа ќе оди постепено. А од следната недела доаѓа африкански  антициклон и доаѓаат температури повисоки од 35 степени и баш ќе биде топло – најавува српскиот метеоролог Иван Ристиќ.

Се очекува антициклонот да донесе тропски денови и ноќи и вистинска летна жега

Според прогнозите, африканскиот антициклон ќе влијае на временските услови до последните денови од август, кога се очекува крајот на последниот топлотен бран, кој може да ја подигне температурата на воздухот на 40 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.