УХМР предмалку соопшти дека обилни врнежи од дожд и грмотевици се движат кон Скопје и Куманово.

Поголема облачна и нестабилна маса се движи од запад кон исток со услови за нестабилно време во Скопје како и Куманово.

Претпладне сончево и топло. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. UV=8

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.