Региналниот ЦУК Велес известува дека според информацијата добиена од ТППЕ Неготино, во текот на денот од 11.45 до 12.30 часот на подрачјето на Општина Неготино се случило невреме, пропратено со врнежи од дожд.
Врнежите биле обилни и истите предизвикале поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН за којашто било реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино и не дошло до прекин во електроснабдувањето. Исто така, во с. Дисан имало поплава на станбен објект (куќа). ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода. Има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.