Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел од општините Центар, Кисела Вода, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 11:00 часот електрична енергија нема да имаат корисниците од улиците „Ѓорѓи Сугаре“ и „Петар Делјан“ во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот корисниците од селата Дoлно Блаце и Горно Блаце, како и објектите на Граничниот премин – Блаце, од 11:30 до 14:30 часот корисниците од улиците „Козара“, „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкиевич“ во Центар, а од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Радушка“, „Црногорска“ и „Македонска Преродба“ во Ѓорче Петров.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска делови од општините Чаир, Гази Баба, Карпош и Бутел во одреден период од денот нема да имаат вода.

Поради изведување водоводен приклучок ф-300 мм на улицата „378“ бб во општина Чаир, од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „378“, „376“, „Ќемал Сејфула“ и „Самоилова“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Зеничка“ 3, без вода од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Зеничка“, „Коце Металец“, „Тајмишка“, „Душан Тасковиќ“ и „Филип Филиповиќ“.

Поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на улицата „Козле 3“ бр.18, прекинато водоснабдување од 09:00 часот ќе имаат корисниците од Средно Нерези.

Поради промена на затворач ф-100 мм на „Бутелска“ 2/15, прекинато водоснабдување од 09:00 часот ќе имаат корисниците на краците 2, 4, 6 и 8 од оваа улица.

Прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работните активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.