Изутринава најстудено е во Берово каде се измерени -5 степени Целзиусови, по што следуваат Прилеп со -4, Струмица и Виница по -3, Битола со -2 и Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе со -1.

Нула степени изутрина во седум часот се регистрирани во Куманово и во Маврови Анови, 1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Гевгелија, Крива Паланка и Претор, два во Охрид, Демир Капија и Попова Шапка, и три во Крушево.

Како и во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност.

Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Максималната температура ќе достигне 6 степени Целзиусови .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.