Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -11, во Маврово – 6, во Крушево – 5, во Берово – 3, Дебар -2, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови наврна најмногу снег – 52 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 38, Пожаране – 32, во Крушево 30 сантиметри.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Пожаране и Маврово 23 литри на метар квадратен, потоа во Крушево 20, Демир Капија 16, Струмица и Дебар 13, Скопје – Петровец 12, Тетово и Битола 11, а најмалку во Виница три литри.

Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи претежно од снег. Утрово врнежите се слабÐ ¸ и локални, претежно во источните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.