Сончево време со мала до умерена облачност во поголемиот дел од државата најавува УХМР за денеска. Во одредени котлини и долж Поварадарието ќе има и магла која попладне ќе се намали.

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус-4 до 3, а максималната од 9 до 17. Во местата со магла температурата ќе се движи од 5 до 7 степени.

Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно и делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

За овој период синоптичарите најавуваат стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Утре попладне се очекува да дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.