Од Република Македонија на аџилак годинава ќе заминат 2.030 верници, што е повеќе од двојно повисока бројка од минатата година, кога во светите места беа 919 верници, изјави за МИА, Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.030 верници, од земјава, кои ќе патуваат кон светите места иако беа пријавени повеќе од три илјади. Верниците ќе патуваат од 16 до 21 јуни со авионски чартер летови. Тие се од различни возрасти, меѓу нив и деца, додаде Јакупи.

Според него цената за аранжман за Хаџ 1444/2023 е 6.550 евра.

Што се однесува за дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и општина Маврово Ростуше, годинава во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот ќе заминат 30 верници, наспроти минатата година кога на аџилак беа 12 верници, рече за МИА, Орхан Зенго секретар на дебарското муфтиство.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 28 јуни и се слави четири дена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.