Над 18.500 граѓани влегле на граничниот премин Табановце, а над 8.500 излегле од вчера на полноќ, до денеска до 10 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Најголема фреквенција имало вчера во попладневните часови и во текот на ноќта, а сите ленти на ГП Табановце се подготвени и работат на проток на патници, додека, времето на чекање е околу 15-20 минути, соопштија од МВР.

Според податоците на МВР, во периодот од 00:00 часот на 23 декември до 10 часот денеска, на ГП Табановце во земјава влез оствариле 13.007 домашни и 5.544 странски државјани или вкупно 18.551 патник. Излез оствариле 4.259 домашни и 4.421 странски државјанин, или вкупно 8.680 патници.

Тоа би значело дека 17.266 домашни и 9.965 странски државјани поминале на ГП Табановце за влез и излез од државата, односно вкупната бројка на патници е 27.231, велат од МВР.

Минатиот викенд почна зголемената фреквенција на влез на патници, пред сѐ македонски државјани, кои заради празниците се враќаат во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.