Времето во Македонија денеска наутро по одделни котлини особено во западните делови ќе има магла или ниска облачност, преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.

Во Скопје преку денот претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени. Маврово 11. Охрид, Битола и Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци 13, Дојран 16.

И утре наутро во котлините ќе има магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала локална облачност и со релативно повисоки температури особено во планините. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје преку денот претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 16 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.