Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Како што соопштија од АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин Табановце за влез во Македонија е околу еден час.

На Граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути.

На другите гранични премини од македонска страна, од АМСМ додаваат дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.