Грција ќе им наплати на производителите на електрична енергија „кризен“ данок во текот на летото и ќе ги користи приходите за субвенционирање на сметките за домаќинствата за да им помогне со високите трошоци за живот, рече премиерот Киријакос Мицотакис.

Цените на струјата на големо се зголемија во последните недели поради пореметувања на европскиот пазар на електрична енергија и Грција мора да направи нешто додека Европската унија не најде решение за проблемот, изјави премиерот во интервју за ТВ СКАИ, цитиран од Ројтерс.

„Владата затоа одлучи да воведе еднократен данок за производителите на електрична енергија кои користат гас и ги користат приходите за намалување на сметките за струја во август“, најави грчкиот премиер во интервју за ТВ Скаи.

Компаниите ќе го плаќаат кризниот данок два месеци, а владата првично ќе ги субвенционира сметките само за август, додаде Мицотакис.

Министерството за енергетика ќе соопшти детали во текот на денот.

Во јуни, Атина воведе вонреден данок од 33 отсто за рафинериите на „многу висока заработка“ во 2023 година, што произлегува од значајните промени на меѓународниот пазар на нафта, изјави тогаш грчкиот премиер за радиото Реал ФМ, додавајќи дека приходот ќе биде користи за буџетска поддршка и за помош на пензионерите со ниски примања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.