Неколку графити со буквата „Z“ забележани се во центарот на Битола, поточно на Широк Сокак и кај Кино Манаки.

Со користење на симболот „Z“ всушност се означува поддршка на руската воена инвазија на Украина, а го користеа многу активисти и влијателни лица кои застанаа на страната на Путин уште од почетокот на војната.

Истиот беше забележан и на протестите во некои земји каде народот и даваше поддршка на Русија.

Некои земји пак, како германската сојузна покраина Долна Саксонија веќе и забранија користење на овој руски воен симбол, а доколку некој ја прекрши забраната, законот предвидува парична казна или казна затвор до три години.

Симоболот „Z“ руските војници го користат на својата моторизација при нападите врз Украина, а тој буквално се претвори во симбол за поддршка на воената инвазија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.