Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од југоисточен, а во северните од североисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -5 до 0, а максималните од 9 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје, синоптичарите најавуваат дека времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштат до -2, а максималните ќе достигнат до 13 степени Целзиусови.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажен и студен воздушен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.
До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.