До утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, но сепак полека облачноста ќе се зголемува, утре вечер и во текот на ноќта кон сабота, како и самиот ден, и тоа особено во западните предели, ќе има врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Токму поради ова на планините над 1200 м.н.в во западните предели, ќе има и повремени врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка. Според надморската височина превој „Стража“ е прв и најблиску каде што се можни провејувања на снег, така што апелираме за значително поголемо внимание.

Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека во текот на ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се искачува до околу 17 степени, за Еспресо истакна метеопрогнозерот Попоски и напоменува дека до петок по одделни котлини и речни долини во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.