Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

В сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.