Времето денеска претпладне беше сончево со променлива облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа и особено во западните и крајните источни делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.