Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала во 2:43 часот ја погоди Албанија.
Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан.
Земјотресот бил почувствуван низ целата земја, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Регистрирани се и неколку послаби потреси.
Засега нема информации за евентуална материјална штета. Поради близината потресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.