Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура се движи во интервал од девет до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум.

За Скопје синоптичарите, исто така, прогнозираат сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Минималната температура во главниот град се спушти до 14, a максималната дневна ќе достигне до 34 Целзиусови степени.

Според УХМР, во првите два дена од следната седмица се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневите часови. Од средината на следната неделата повторно ќе следи период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.