Времето денеска ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималната температура е во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура се спушти до 19, а максималната ќе достигне 29 степени Целзиусови.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.