Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на работната недела ќе има услови за преодна нестабилност која ќе биде најизразена во петок и ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Во петок и особено во сабота ќе биде ветровито со засилен северен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.