Без електрична енергија утре ќе бидат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош.

Додека во општина Центар, од осум до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар „Партизански одреди“, од раскрсница со улицата „Ленинова“ кон раскрсница со булеварот „Климент Охридски“, дел од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Пиринска“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.