Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре од 09 до 13 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Шар Планина“ во населбата „Даме Груев“, а од 09 до 15 часот дел од улицата „Мечкин Камен“ во општина Ѓорче Петров.

Во среда, пак, според информациите на РЦУК, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош.

Прекините се поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.