Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека поради реконструкција на пумпната станица „Водно“, во периодот од 22 часот на 2.3.2022 година (среда) до 7 часот на 3.3.2022 година (четврток), ќе се врши реконструкција на вшмукувачкиот дел од пумпната станица и чистење на резервоарот „Водно“.
Поради овој технички зафат, постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за хематологија и трансфузиологија (општина Центар).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.