Поради планирани зафати во електро – дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од 10:30 до 11 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на место наречено „Присојница“ – Горно Нерези.

Во период од девет до 12 часот пак, дел од булеварот „Борис Трајковски“, кај „Вардар мебел“ во општина Кисела Вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.