Без струја денеска од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од куќите околу пералната Smartwash на крстосницата на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и бараките до Факултетот за драмски уметности во општина Карпош.

Како што информира РЦУК-Скопје, по известување дибиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од околина на пристапниот пат до манастирот „Св. Архангел Михаил“ и поштата во село Кучевиште во општина Чучер Сандево, а од 9 до 11 часот и дел од корисниците од село Буковиќ во општина Сарај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.