Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ на својот официјален фејсбук профил, напишаа дека потресени се од последното случување каде осум годишно дете беше убиено од кучиња. Од Здружението велат дека би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има физички предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози животот на друго битие.

Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема.
Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но што и да се рече сега е доцна за ова дете, а секое слободно толкување во однос на оваа несреќа од која нема назад за нас е непримерно и болно.
Единствено што би сакале да се знае дека како здружение за заштита на животни без дилема и веднаш би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има ФИЗИЧКИ предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози животот на друго битие.
Нагласуваме физички предиспозиции бидејќи нашите искуства, искуствата на стручната фела, а и статистиките кажуваат дека најголемите, најсилните животни имаат најстабилен карактер, се најмирни, но нивната сила е огромна, па дури и со еден потег можат да би можеле да бидат кобни по човек или животно. Еден може да биде фатален.
Поддржуваме и бараме прецизна категоризација во соработка со стручни и засегнати страни и мораторијум на размножување, продажба и увоз на животни кои ќе се категориризаат како такви веднаш. Наши предлози се и мандаторна стерилизација или забрана за размножување на сите кучиња, но за овој тип на животни ги бараме и поддржуваме веднаш – стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.