Факт е дека е намален бројот на склучени бракови во светот. Од денеска до 14 февруари во светот се одбележува Недела на бракот под слоганот „Зошто брак“, па тоа е шанса да се потсетиме за некои истражувања околу меѓусебното влијание на партнерите.

Љуѓето кои се во среќен брак живеат во просек четири до осум години подолго од неожените и ретко заболлуваат од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни болести. Помалку се подложени на болести, бидејќи имаат посилен имуносистем, бидејќи се емотивно постабилни, отпорни се на депресија, стрес и анксиозност. Според статистиката, самците имаат 40 отсто поголема шанса да починат од срцев удар, отколку луѓето во брак. Нежените имаат двапати поголема шанса да загинат во сообраќајна несреќа, отколку неоженетите.

Овие социопсихолошки истражувања зборуваат во прилог на тезата дека заедничкиот живот има многу предности, како за поединецот, така и за семејството и нацијата. За многумина, бракот е синоним за сигурност – емотивна, животна и финансиска. Меѓу сопружниците кои се сакаат постои поголемо ниво на посветеност која ја немаат вонбрачните партнери. Тие секојдневно ги делат своите мисли, чувства и проблеми и си се потпора еден на друг во тешките периоди во живнотните кризи. Знаат дека животот истовремено е многу убав и многу тежок за да го живеат сам. Најдобра превенциија од насилството и социјалната патологија е здраво и добро семејство. Интересно е што бројните истражувања говорат во прилог на тезата дека бракот е добар и за нацијата. Со проучување на 80 отсто од културите кои настанале од почетокот на човештвото, научините од Оксфор дошле до заклучок дека бракот е единствен клучен фактор за опстанок, односно за исчезнување на нацијата. Потребни се само три генерации кои не веруваат во брак за нацијата да престане да постои.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.