Како да разбереме дека енергијата во нашиот дом е „лоша“? Тоа не значи само болест туку и постојани кавги, чувство на замор од раните утрински часови, семејно насилство и разни непријатности. Во домовите во кои дури и луѓето што одат да ги посетуваат, почнуваат да се чувствуваат лошо, се акумулирало доста негативна енергија.
Наталија Трубиновска, светска патничка и истражувачка на древни цивилизации, за „Убавина и здравје“ ги открива и другите знаци на акумулирана негативна енергија во вашиот дом:
- Постојани дефекти на апаратите за домаќинство, често прегорување на електричните светилки, струен удар во ѕидот
- Санитарните уреди често предизвикуваат проблеми – протекуваат чешмите, се расипуваат вентилите…
- Во домот со лоша енергија се чувствуваат непријатни мириси, чиј извор е тешко да се утврди
- Во куќата често се појавуваат мравки, лебарки и мушички
- Растенијата не можат да растат нормално – нив ги јадат штетници. Добиениот букет овенува веднаш, не успеваат да траат дури ни неколку дена
- Во таквиот дом и храната се расипува – во житарици се собираат инсекти, месото гние, а млекото веднаш се закиселува
- Миленичињата исто така ги напаѓаат болести и не живеат долго
Секако, ако се случува сѐ од горенаведените работи во куќата – тоа е веќе целосно запоставен случај, како слика од мрачен филм: лебарки има насекаде, се чувствува мувла, тишината е нарушена со капење вода од расипани чешми… Но ако одвреме-навреме нешто од ова се случува во вашата куќа и почне да се повторува сè почесто, тоа значи дека во неа се акумулирале негативни енергии и дека ѝ е неопходно чистење. За среќа, сè може да се среди во неколку чекори, на природен начин, вели Трубиновска.
Како да се справиме со негативната енергија? Би требало да се направи генералка – големо енергетско чистење (заштеда), а потоа редовно да се спроведува.
1. За почеток, треба да се отворат прозорците за да се проветрат сите простории, да се пушти силата на воздухот. Колку има повеќе свеж воздух во одреден простор, толку е поповолна енергија.
2. Многу е корисно да се отворат прозорците на сончево време, така што сончевите зраци ќе продираат директно во куќата. Сонцето е моќен извор на енергија и неговите зраци во вистинска смисла може да убијат патолошки бактерии и ларви на многу домашни паразити и да ја дезинфицираат куќата.
3. Потоа, треба да спроведете ревизија на сите работи што ги чувате во куќата. Колку помалку работи, мебел, разно ѓубре – толку повеќе позитивна енергија. Треба да се ослободите од непотребните работи, од неисправниот кујнски прибор, од облеката што не ја носите, од весниците што никој веќе не ги чита до исушеното цвеќе, износените чевли итн. Сето ова собира негативна енергија, која го уништува вашиот живот.
4. Кога ќе се ослободите од непотребните работи, треба да го исчистите домот со помош на моќта на водата. Избришете ја прашината, но не со сува метла, туку со влажна крпа или со сунѓер, кој ќе ја собере целата нечистотија.
Обидете се да ги измиете сите површини во домот – вратите, прозорците, мебелот, подовите. Секоја валкана дамка привлекува уште повеќе нечистотија, прашина, бактерии и – негативна енергија.
5. Значи, вашиот дом веќе сјае, но тоа не е сѐ. Тогаш во него треба да се пушти моќта на огнот – така што ќе запалите свеќи во него. Некои луѓе сакаат мирисливи, некои прават восочни… Огнот најдобро ја уништува негативна енергија, затоа треба да се трудите да горат свеќи во вашата куќа колку што е можно почесто (но не заборавајте ги правилата за безбедност од пожари!).
6. Исто така е корисно да се запалат стапчиња со природни мириси. Тие навистина изобилуваат со магични својства: го штитат домот од сè негативно и го заситуваат со преубави смирувачки мириси.
7. Дома можете да донесете колку што е можно повеќе цвеќиња. Тоа е во состојба да ја апсорбира лошата енергија (поради тоа цвеќето веднаш се овенува во „негативните“ куќи). Аранжирајте букети, обновувајте ги почесто. Одгледувајте колку што можете повеќе вистински цвеќиња – еден ден тие ќе се справат со вашата негативна енергија, особено ако користите и други методи за да се борите против неа.
Сите овие едноставни методи дејствуваат 100%, во што можете и лично да се уверите. Обидете се да го исчистите вашиот дом на овој начин – ќе видите дека ќе се чувствувате подобро додека престојувате во него.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.