Операција „Менаи Бриџ“ е кодно име за плановите поврзани со смртта на кралот Чарлс. Иако деталите за планот се строго чувани, неговото заминување ќе предизвика итни промени и во монархијата и во Обединетото Кралство.

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека здравствената состојба на 75-годишниот монарх не е добра туку постепено се влошува, поради што претставниците на Бакингемската палата почнаа редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб – подготовките за тоа, како куриозитет, започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета.

Кралот Чарлс Трети долго време е далеку од очите на јавноста, а особено по неговата објава во февруари дека боледува од рак, тој избира да не се појавува во јавноста, очигледно за да ја сокрие својата лоша здравствена состојба.

Се потсетува дека кралот Чарлс никогаш не открил од каков рак боледува, но признал дека не станува збор за рак на простата, кој е еден од најизлечивите облици на болеста.

Деталните документи беа создадени еден ден по погребот на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година. Британските власти потврдија за „Дејли Бист“ дека „Операцијата Менаи Бриџ“ редовно се ажурира, но нагласија дека ова е формалност и дека „би било неразумно од овој факт се извлекуваат какви било заклучоци.

Сите членови на кралското семејство имаат ажурирани планови за нивните погреби категоризирани според кодни имиња засновани на мостови. На пример, планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен „Операција Лондон Бриџ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.