Шерон Стоун преку социјалните мрежи откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да посвои деца кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.
Ние, како жени, немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех. Наместо да го добиеме толку потребното сочувство, емпатија и исцелување што ни треба, напиша глумицата.
Сепак, Шерон Стоун успеа да стане мајка посвојувајќи три сина – Квин Кели, Леирд Вон и Роан Џозеф.
Инаку, признанието на глумицата дојде откако американската танчерка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.