Познатата актерка Шерон Стоун откри дека имала девет спонтани абортуси, а нејзината приказна пред јавноста ја поттикнала американската танчерка Пети Мургатројд, која неодамна објави дека изгубила бебе.

Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека ова е нешто со кое треба сами да се справиме и дека е еден вид неуспех, открила актерката.

Изгубив девет деца со абортус – призна Шерон.

Наместо да го добиеме толку потребното сочувство и емпатија и исцеление кое ни е толку потребно, женското здравје е препуштено на идеологијата на мажите, истакнува таа.

Сепак, Шерон успеа да стане мајка посвојувајќи три сина – Квин Кели, Леирд Вон и Роан Џозеф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.