Според виталната статистика на Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 живородени бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.

Како најчести 20 имиња пак, десет машки и десет женски, со убедливо водство е Лука – 213 родители си го крстиле детето со тоа име, а Јана и Софија пак го делат првото место како најчести женски имиња.

Топ пет најпопуларни имиња за момчиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко и Јован. Додека за девојчиња најпопуларни се имињата Јана, Софија, Ана, Мила и Хана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.