„Дојдоа тешки времиња за светот“, изјави холивудската легенда Шерон Стоун, откривајќи дека неодамна изгубила половина од заработеното во својата кариера поради колапсот на двете американски банки „Сигнатур“ и „Силвергејт капитал“.

Стоун (65) изјави дека сепак планира да донира пари во Центарот за рак на дојка.

Знам што се случува. Изгубив половина од парите поради финансиските проблеми на банките. Мојот брат почина неодамна, но тоа не значи дека нема да се појавам овде. Ова се тешки времиња за светот, за сите нас. Не ми треба политичарите да ми кажуваат што можам и што не можам да правам во животот и која е вредноста на мојот живот. Стани и кажи која е твојата вредност ако можеш. Тоа е храброст, рече Шерон Стоун на хуманитарна забава во Беверли Хилс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.