Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска славеше втор роденден и крштевка за своето петто дете.

Од фотографија објавена на неговиот „Фејсбук“ профил може да се забележи дека целото семејство се собрало за крштевката, заедно да ги прослават среќните моменти.

На нашиот Филип вториот роденден му го честитавме со крштевка во манастирот Св. Пантелејмон, Горно Нерези. За здравје, благослов и добри вести, пишува пратеникот Милошоски на социјалната мрежа „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.