Навиките за обилно пиење алкохол кај таткото непосредно пред зачнувањето може сериозно да му наштетат на бебето, посочува ново научно истражување на Универзитетот „А енд М“ во Тексас.

Aмериканските научници откриле дека обилното пиење алкохол во месеците пред зачнувањето може да влијае на очите, главата, устата и вилицата на бебето. Причината за тоа е можниот синдром наречен нарушување на феталниот алкохолен спектар (ФАСД), што влијае на растот на бебето во матката. Претходни истражувања покажаа и дека кај мајките пиењето алкохол може да доведе до пократок и закривен нос кај децата, и потврдија дека тие појави се поврзуваат и со лошите навики на пиење кај татковците.

Во случаите кога таткото конзумирал алкохол, видовме длабока промена во лицето на бебето. Хроничната изложеност на мажите на алкохол (дефинирана како консумирање повеќе од пет пијалаци во четири часа) може да предизвика основни дефекти на ФАСД, вели авторот на новите испитувања, професорот Мајкл Голдинг, развоен физиолог во „А енд М“.

Истражувањето покажало дека кај децата на мажите кои пиеле, има поголема веројатност да се родат со помали очи, „сплескано“ лице, помала уста и помала или деформирана вилица.

Друга одлика е што ушите на малечкото понекогаш се поставени пониско во споредба со бебињата чии татковци не пиеле многу, а тоа го оштетува и мозокот. Имено, се јавува и поголема можност од микрокефалија (неразвиеност на главата и мозокот), како и помала родилна тежина. А, сѐ тоа, како веројатност се влошува колку што машкиот родител консумира повеќе алкохол, велат научниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.