Британската принцеза Кејт Мидлтон е видена во јавноста за прв пат по шест месеци, откако во март објави дека боледува од рак.

Принцезата е фотографирана во автомобил како пристигнува во Бакингемската палата за да го прослави роденденот на кралот Чарлс, пишува „Мирор“.

Таа на прославата пристигна заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи ќе учествуваат на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон.

Кралското семејство ќе се собере на балконот на Бакингемската палата над која ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува „Мирор“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.