Во најголема тајност, со знаење само на најверните вработени на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Лондон, а сега во јавноста протекоа детали од посетата, пренесува дејли меил.

Неговата одлука да го „скршне“ од првичниот план и предвиденото патување од Лос Анџелес до Хаг во Холандија кралицата Елизабета Втора ја пречекала со раширени раце.

Принцот Хари прво сакал да се сретне со својот татко Чарлс, но кралицата инсистирала тој и Меган прво да ја посетат во замокот Виндзор. Бидејќи Чарлс и Камила биле во Виндзор во тоа време, се се поклопило. Освен, слободното време на „презафатениот“ татко. Принцот Чарлс од своето скапоцено време за помладиот син одвоил само 15 минути, а на неа присуствувала и Камила.

Наводно, Чарлс се уште не може да му го прости на Хари интервјуто кај Опра Винфри

Она што го чувствува Чарлс најдобро го опиша еден негов близок пријател кој анонимно проговори за британските медиуми.

„Тој го сака својот син, но неговото срце се кине со се што тој прави. Се плаши дека историјата може да се повтори и дека она што ѝ се случи на принцезата Дајана може да му се случи на Хари. Затоа сака да ја остави „вратата отворена“ и да го одржува односот и да разговараат, бидејќи и денес се кае што не го направи тоа со Дијана“, посочил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.