Во добри односи сте со партнерот, но сомнежот во неговите татковски таленти ве спречува да свртите нов лист во врската. Следниве 10 карактеристики ќе ве уверат дека вашиот сакан ќе биде одличен татко…

1. Помага по дома
Тој без проблем подготвува вечера и покажува волја за помагање во домот. Искуството во извршувањето такви задачи сигурно ќе биде од полза откако ќе се роди детето.

2. Добар е под притисок
Ако се изгуби, дали го фаќа паника? Дали го губи тлото под нозе во стресни ситуации на работа? Ако се најдете на пуст остров, дали би се расплакал или би направил копје си кое би можел да лови риби? Снаодливиот маж сигурно ќе може да се справи со малиот мочко во 2 часот наутро.

3. Ја препознава забавната страна на животот
Дали тој постојано се шегува со вас и ви го намалува стресот? Дали често се смее? Дали е разигран и понекогаш ви личи на момче во тело на возрасен човек? Овие доблести покажуваат дека тој ќе биде грижлив татко кој ќе ги опсипува децата со смеа, сигурност и радост.

4. Ги држи работите под контрола

Мажите со вистинска самодоверба имаат инстинктивна потреба за надзор на својата околина. Ако вашиот партнер постојано се грижи за тоа дали се платени сметките, внимава дали сите електрични уреди работат и никогаш не оди на пат без доволно бензин во резервоарот, тоа се само некои знаци кои покажуваат дека тој ќе биде одговорен татко.

5. Имал куче
Ова дефинитивно не е најважен фактор, но искуството во чистење влакна и измет на друго суштество за кое е емотивно врзан, добро ќе му дојде во улогата на татко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.