Снегот во Белград им донесе радост на децата кои поитаа со санките да уживаат во зимските лудости, но и на оние кои можат да ги гледаат само од прозорец. Едно од нив е момче, кое овие зимски денови ги поминува во Универзитетската детска клиника во Белград.
За него снегот ја донесе најсилната порака овозможувајќи му на таткото на момчето да му порача: „Те сакам, сине“.
Фотографијата е објавена на Инстаграм профилот @serbialive_beograd и предизвика многу емоции во цел регион.
„Најубавата слика во оваа 2024“. „Од ова ми застана кнедла во грлото. Нека е жив и здрав синот, голем човеку“. „Ова навистина боли… Синот нека ти излезе оттаму и никогаш веќе да не се врати. Ни тој ни ниедно друго дете“, пишува во коментарите, а меѓу оние кои му посакуваат брзо закрепнување на синот од пораката има и родители кои со болка се сеќаваат на паркот пред болницата каде што е напишана пораката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.