Дане Биорац e најпознатиот овчар во Србија. Тој се населил во селото Голија пред шест години и долго време живеел сам. А сега доби син Јован.

Му го роди Кристина која ја гледала  емисијата за него во својот дом во Сараево и тргнала да го бара. Кога нашла останала со него бидејќи се заљубила во ова момче. Плод на љубовта сега е Јован.

Син ми го крстив Јован, бидејќи славата ми е Св. Јован. Кога се роди први ми честитаа комшиите. Со нас беше и семејството на Кристина. Ние сме многу среќни! Најважно ми е што породувањето помина добро и бебето и жената да се добро – вели скромниот млад човек.

Тој со жалење вели дека долго време живеел сам.

Ме виде во емисија, дојде да се запознаеме и беше тука три дена. Потоа отидов да се сретнам со нејзините родители, а набрзо таа забремени. Се плашев дали се ќе биде во ред бидејќи ни е прво дете. Свесен сум дека не можеме така лесно да стигнеме до лекар, но барем имаме струја – вели Дане и додава дека сега мора почесто од порано да оди во град:

Јован вели дека сега почесто оди во градот.

– Порано не морав да се симнувам од планина во град два месеци, понекогаш и подолго. Тогаш одев само да набавам намирници. Сега морам да одам еднаш неделно затоа што ни требаат пелени за бебето, храна, влажни марамчиња, крема… Финансиски ми е малку потешко од порано, ништо не ми требаше, морав да јадам и да преживеам. а бебето е друга работа. Но, јас се снаоѓам, продавам добиток, косам, фармам. Работам по цел ден, како порано – вели ова момче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.