Жител на Куманово бил погоден и повреден од истрел од воздушна пушка во селото Војник, а го погодил овчар, кој пукал кон кучиња, соопшти МВР.

На 05.09.2022 во 21.18 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.С. од Куманово. Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Ј.С. пријавил дека со повредите се здобил во с.Војник, општина Старо Нагоричане. Како што пријавил тој, додека шетал бил погоден од овчар, кој со воздушна пушка пукал кон кучиња – се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.