Како родителите да препознаат дали децата им се изложени на сајбер-булинг, кои се придобивките од дигитализацијата и како влијае на комуникацијата меѓу родителите и децата, како да се препознаат лажните вести и кои се последиците врз животот на младите, како родителите да го регулираат времето поминато на мобилни уреди од страна на децата како и да обрнат внимание на онлајн-сигурноста на децата беа горливите прашања на кои се разговараше минатиот викенд во Јавна Соба.

Во Центарот за дизајн и иновации се одржаа стручните разговори во рамките на изложбата „Проѕирниот човек”, на Гете-Институт Скопје. Разговорите под име „Родителство во дигитален свет – надежи и стравови во однос на влијанието на технологијата врз младите” ги водеа стручни лица, а од другата страна беа родителите на деца кои секојдневно користат интернет и со тоа се движат во дигиталниот свет.

Стручните разговори ги водеа Арбен Гудачи – експерт за заштита на податоци, проектен менаџер и правник, Радмила Живановиќ – акредитиран психолог и психотерапевт на EAGT – Европската асоцијација за гешталт терапија и EAP- Европска асоцијација за психотерапијa, како и Владимир Петрески – Фондација Метаморфозис, Уредник на македонскиот Сервис за проверка на факти од медиумите со обемно искуство во проверка на факти и справување со лажни вести.

Видеозаписот од настанот е достапен на социјалните медиуми на Гете-институт Скопје.

Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Го афирмираме учењето на германскиот јазик во странство и негуваме меѓународна културна соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.