Идентични близначки од САД родиле момчиња, во иста болница, во само неколку часа разлика. Џил Џустинијани го родила синот Оливер во 18:39 часот, а Ерин Чеплак, во 23:31 ч. го дочекала својот Силас, во болницата „Анахајм Кајзер“ во Калифорнија.

Децата се родиле со иста тежина и должина – 3.620 грама и 50,8 сантиметри.

Близначките си помагаа една на друга за време на бременоста, па нивните сопрузи и се шегуваа дека тие две може да се породат во ист ден.

Какви се шансите за ова? Не можам да верувам дека ова се случува!, се присети Џустинијани.

Според наводите, сестрите биле и пуштени од болница ист ден со своите бебиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.