Серијата „Мојата голема дебела ромска свадба“ (My Big Fat Gypsy Wedding) на ТЛЦ во која редовно се прикажуваат несекојдневните обичаи на младите Роми низ светот, овојпат прикажа уште една интересна свадба.

На почетокот на двојната ромска венчавка на двете братучетки Стефани (19) и Амбер-Лин (22), се изгледаше совршено. Судбоносното „да“ го кажаа пред матичарот на брегот покрај реката. Набргу потоа следеше прославата во блискиот ресторан.

Сè тргна наопаку кога поранешната девојка на сегашниот сопруг на Амбер-Лин, Дастин, воедно и братучетка на невестата, реши да фрли проклетство на младенците и да ја уништи венчавката.

И поранешниот сопруг на Амбер-Лин набрзо се појавил на прославата и рекол дека сака да се смири со неа.

Ситуацијата набрзо ескалираше. Летаа торти, пцовки, тупаници…

Роднините успеале да го избркаат поранешниот сопруг на невестата, но останале гласините дека таа изгледа тајно се гледа со него.

На крајот, иако поранешната девојка на младоженецот ја откри вистината и призна дека сето тоа е нејзина вина, невестата не сакала ниту да слушне, конфликтот бил неизбежен, а исто така и полицијата. Поранешната девојка го доби она што го сакаше, Дастин, а од двојната свадба остана само една.

 Извор: Мондо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.